ВИДЕО | Англија со пет гола во второто полувреме ја прегази Ирска, хет-трик на Халанд за Норвешка
Фудбалерите на Англија без проблеми славеа убедлива победа против Република Ирска со 5-0 и така го освоија првото место во својата група каде што беа уште Грција и Финска.
Препорачано
Во првиот дел не видовме погодоци, сите пет гола „Гордиот Албион“ ги постигна во вториот дел. Кејн го отвори резултатот во 53. минута, а во следните пет минути Гордон и Галагер зголмија на 3-0.
На резултатот сигурно влијаеше и исклучување на Скалс кој заработи втор жолт картон во 51. минута. Двата преостанати гола беа дело на Боувен и Харвуд-Белс во 76. и 79. минута.
Во вториот натпревар од оваа група Грција беше подобра од Финска со 0-2. На табелата Англија е прва со 15 бода, исто толку има Грција, Ирска освои шест, а Финска остана без бодови.
Победа од 5-0 денеска забележа и Норвешка против Казахстан. Ерлинг Халанд одигра одличен натпревар во кој постигна хет-трик, додека по еден гол постигнаа Сорлот и Нуса.
Австрија и Словенија ремизираа 1:1, па така Норвешка е победник на групата со 13 бода, Австрија дојде до 11 бода, Словенија заврши со осум, Казахастан освои само еден.


