ВИДЕО | Андоновски: ФФМ ги решава крупните проблеми, потребно е поактивно вклучување и на општините

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го заврши својот дел од договорот, во Тетово официјално пуштен во употреба најмодерниот терен со тревна подлога во Македонија. Истото е направено и во Битола. Прилеп е дел завршен, што е исполенто од страна на ФФМ и овој период се работи на пуштање на трибина во Чаир, Охрид, Струмица, истакна во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

-Кога се зборува за фудбалксите стадиони излегува природно да се посочи прстот кон ФФМ, па и за дел кој што е во рамките на работата на општините. Ние како ФФМ и обврските кои ги преземемае даваме одговор кон ФФМ- вели Андоновски.

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски

Проблеми и недостатоци ќе има, вели Андоновски, но тука сме да ги решаваме сите проблеми. Работиме на 9 стадиони.

-Кавадарци и Велес се последните општини кои добиваат значителна помош од наша страна. Доколку инфраструктурно ги решиме крупните проблеми тогаш многу полесно ќе ги решиме останатите работи, вели Андоновски.

Целиот разговор проследете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот