ВИДЕО | Андоновиќ: За првпат од почетокот на војната, Путин патува надвор од Русија – Анкара најавува дека нема да воведе санкции кон Москва

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Денеска е 124-от ден од војната во Украина. По освојувањето на Севернодоњецк, руската армија напредува и кон кон Лисичанск, последниот голем град што го држат украинските сили во источната провинција Луганск. Според агенцијата ТАСС, според проруските сепаратисти, московските сили влегле во Лисичанск од пет правци, но Ројтерс не може да ја потврди оваа информација. Украинскиот Генералштаб објави дека Русите со тешка артилерија жестоко стрелаат врз Лисичанск.

Во меѓувреме, руските сили ги ракетираа и Киев, Харков и Лавов, градви кои изминатите недели беа поштедени од напади.

Се посилните воздушни удари го натераа уркаинскиот претседател Зеленски да бара од НАТО земјите дополнителни противвоздушни системи. Интензивирањето на нападите покажува дека украинската противвоздушна одбрана има недостиг од ПВО системи, смета украинската воена команда.

Во меѓувреме, прес-службата на рускиот претседател соопшти дека Путин за првпат од почетокот на специјалната воена оперција во Украина, ќе ја напупти територијата на Русија и ќе отпатува во странство. Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија.
Се работи за две поранешни републики Таџикистан и Туркменистан.

Предвидено е Путин во Душанбе да се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник. Рускиот претседател во Ашгабат ќе присуствува на Самитот на касписките држави, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и на Туркменистан.

При руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, загинаа илјадници луѓе, раселени се милиони лица, а Москва се најде под строги финансиски санкции од Западот. Путин тврди дека санкциите поттикнале зајакнување на трговските врски на Русија со Кина, Индија и Иран.

Но во исто време, со најавената посета на двете туркофонски држави, официјална Анкара обелодени дека нема да воведе санкции кон Русија. Анкара смета дека мора да ги гледа своите интереси.

„Ако сите уриваат мостови, тогаш кој ќе разговара со Русија“, сметаат турските власти.

Анкара и пред се турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган подолго време се конфорнтираат со Западот околу односите кои Турција ги има со Москва. И за Русија и за Западот, Турција игра клучна улога бидејќи Турција како земја членка на НАТО веќе најави дека ќе го блокира влезот на Шеведска и Финска во Алијансата.

Од друга страна, Анкара игра голема геостратешка улога што се виде во неодамнешната војна во Сирија каде во договор со Русија успеа да ги оствари своите цели околу Курдите.

На териотријата на руската федерација живее голем број на туркофонско население, кое доколку нема подршка од Анкара, би можело да им направи сериозни проблеми на властите во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот