ВИДЕО | Андоновиќ: Безбедносен пропуст во Пентагон, „уапсена“ кокошка

Кокошка „уапсена“ во Пентагон/ Фото: Твитер

Во центарот на свеската воена моќ, американскиот Пентагон е забележан безбедносен пропуст откако една организација за заштита на животните во медиумите излезе со информација дека американските воени власти „Уапсиле“ кокошка, која се обидела да влезе во објектот Пентагон.

Кокошка била „уапсена“ откако се шетала и колвала на тревникот во заштитениот простор на Пентагон, една од најзаштитените згради во светот, соопшти организацијата за правата на животните.

Вработените во Лигата за благосостојба на животните во Арлингтон биле повикани од американските воени власти веднаш да ја земат кокошката и да ја вратат од каде дошла.

За обидот за „ на упадот на кокошката“ во Пентагон јавија многу од американските медиуми меѓу кој и армискиот Милитари Тајмс .

Весникот на шега ја поставил дилемата дали кокошката едноставно се изгубила во обид да ја премине улицата или всушност е шпион во мисија да украде некои државни тајни?

Корисниците на Интернет предложија кокошката да се вика Етел Розенберг, позната Американка уапсена и егзекутирана за шпионирање во корист на Советскиот Сојуз во педесетите години на минатиот век.

Сепак остана јавно прашањето како кокошката успепала да ги помине сите безбедносни прстени во една од најобезбедуваните области во светот. И покрај навидум прозаичниот настан сепак остана дилема како дошло до ваков пропуст и покрај бројнто обезбедување и високо технолшките системи на безбедност. И тоа во време на големите безбедносни тензии и в исоко техниолошките судири меќу светските супер сили.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот