ВИДЕО | Андоновиќ: Навални, нова провокациска доктрина или рестартирање на односите на САД и Русија

epaselect epa08960264 Participants hold signs during a protest in support of Russian opposition leader and blogger Alexei Navalny in Prague, Czech Republic, 23 January 2021. Navalny was detained after his arrival to Moscow from Germany on 17 January 2021. A Moscow judge on 18 January ruled that he will remain in custody for 30 days following his airport arrest. Navalny urged Russians to take to the streets to protest. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Над 3500 уапсени од кои 300 малолетници е билансот од масовните протести кои изминатиов викенд беа одржани во 110 руски градови на приврзаниците на рускиот опозиционен лидер Алексеј Навални кој беше уапсен по неговото враќање од Германија во Русија на московскиот аеродром на 17 јануари.

Навални се наоѓаше на лекување во Германија откако летоска поради наводно труење беше хоспитализиран на руските клиники но откако изрази недоверба во руските лекари побара и му беше одобрено да се лекува во Германија.

Руските власти пак кои го теретат Навални за низа кривични и финансиски престапи го осудија на две условни затворски казни од по 5 години и му дадоа рок најдоцна до 30 август да се врати од лекувањето во Германија во Русија.

Откако Навални не го испочитува рокот за враќање, според руските закони условната му беше преиначена во затворска казна, па поради тоа тој и беше уапсен веднаш по неговото враќање. Засега остануваат како предмет на шпекулации мотивите зошто Навални се врати во Русија и покрај што знаеше, но и му беше најавено дека доколку дојде веднаш ќе биде уапсен.

Индикативен е и тајмингот на неговото враѓање, 17 јануари, три дена пред официјалното преземање н претседателската функција на новиот претседател на САД Џозеф Бајден кој веќе најави дека нема така блаконаклоно да гледа кон, како што изјави, политиката на Москва како што тоа го правеше неговиот претходник Доналд Трамп.

Познато е дека Трамп беше противник на кинеската политика, додека новата администрација и Џо Бајден, политичари кои не се подготвени да прават компромиси со Русија и Владимир Путин. На само ден откако Бајден ја прзеде функцијата , тој најави дека за разлика од претходните претседатели, тој нема да ги „рестартира“ односите со Русија.

Според американските медиуми, администрацијата на Бајден подготвува „нови мерки“ во одговор на агресивните дејства на Москва но откако Бајден ќе ги разгледа разузнавачките оценки побарани да се сработат од новото раководство на на Националното разузнавање.

Се работи за оценките за наводната руска вмешаност во изборите на САД во 2020 година, употребата на хемиско оружје против рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, распишаните руски потерници за глави на американските војници во Авганистан, како и за неодамнешниот масивни сајбер напади врз државни агенции и компании.

Дотогаш и САД и ЕУ како и голем број на западните земји ја осудија употребата на сила на полицијата врз демонстрантите подржувачи на Навални, а во неколку западни и балкански држави како што е Црна гора, беа одржани и протести за негово итно ослободување. Од друга страна Руското МНР ја обвини американската амбасада во Москва дека стои зад протестите кои за време на викендот се одржаа во руските градови.

Москва го обвини Вашингтон дека грубо се меша во внатрешните работи на Русија сакајќи да го реализира таканареченото белоруско сценарио на протести и да иницира незадвлство на граѓаните против демократски избраната власт во Москва. Руското МНР обвини дека на веб сајотот на американската амбасада во Москва бил објавен список на локациите каде да се собраат незадоволните демонстранти кои треба, како што обвини Москва, насилно да протестираат. Москва обвини за провокациска доктрина на Вашингтон за стимулирање протести која нема да ја толерира.

Дополнителни тензии на нарушените односи меѓу Русија и САД предизвикаа и информациите дека американската армија започнала со трупање на воени сили во области на Сирија, во реоните од каде администрацијата на претходниот претседател Трамп ги стопираше воените дејствија, и кои беа преќутно договорени како руска зона на интерес.

Новото распоредување, Москва го толкува како дополнителна американска провокација и зголемување на тензиите во односите на двете супер сили кои можат да ја вратат и атмосферата на студената војна од минатиот век.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот