ВИДЕО: Алиоски и Лидс немаа решение за Вулверхемптон!

Фото: EPA-EFE/Alex Pantling/POOL

Вечерва во рамките од 25 коло во Премиер лигата екипата на Лидс загуби на гостувањето кај Вулверхемтон со 1:0.

Единствениот погодок се случи во второто полувреме, поточно во 64 минута кога автогол си постигна Меслие, голманот на гостите.

За Лидс овојпат не беше стартер македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, тој настапи од 81 минута како замена за Клих.

На табелата Вулверхемптон е на 11 позиција со 33 бодови, еден повеќе од Лидс на 12 место кој има 32.

Играчите на менаџерот Марсело Биелса својот нареден меч ќе го имаат на 23 февруари на домашен терен против Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот