Ви се лоши при патување? Не фрлајте за џабе пари за апчиња за мачнина, ова е најдобриот лек!
Заминувањето на подолго патување за оние склоните на мачнини при возењето може да биде поприлично стресно и непријатно искуство.
Нервозата, вртоглавицата, повраќањето, чувството на мачнина во желудникот можат на многумина да им го расипат патувањето, но благодарение на природните и другите препарати овие нус појави можат да се спречат.
Многу родители не сакаат најмладите да ги изложуваат на „беспотребни“ лекови од раните години, па се завртуваат кон алтернативни методи, а кога станува збор за мачнина најдобро е да посегнете по ѓумбирот.
Исецкајте малку свеж корен од ѓумбир и изедете еден грам, околу половина кафена лажичка, три часа пред патување.
Исто така може да ви помогне ако капнете две капки етерично масло од ѓумбир или еукалиптус на марамче и повремено да вдишувате за време на возењето.
Држете ги очите затворени и ставете очила за сонче, задолжително избегнувајте читање и седете во насоката во која се движите. Ќе ви помогне и да гледате во една точка, во далечина, односно да бидете насочени и да не правите нагли движења со главата.