Вестбрук сам ќе си го откупи договорот за да потпише за Клиперс?

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Расел Вестбрук е во потрага по нов клуб по трејдот во Јута од Лос Анџелес Лејкерси. Веднаш по заминувањето од таборот на „езерџиите“, Вестбрук најави дека нема намера да остане во Јута и ќе бара нова средина.

Според новинарот Адријан Војнаровски Вестбрук се договорил со Јута да го откупи својот договор и како слободен играч да се пресели во Клиперс каде што ќе има поголеми амбиции, со неговото заминување во тимот ќе се ослободи дополнително место.

Наводно, Вестбрук имал понуди од Мајами, Чикаго и Вашингтон, меѓутоа сака да остане во Калифорнија, а големо влијание на неговата одлука имал и добриот однос со Пол Џорџ, двајцата заедно настапуваа во Оклахома.

Медиумите во САД најавуваат дека Клиперс со Пол Џорџ, Ленард и Вестбрук би биле спремни да ја нападнат титулата во НБА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот