Верноста на Меси кон Барса има цена и доаѓа времето за наплата

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Барселона е еден од клубовите кои се највеќе финансиски погодеи од пандемијата на коронавирусот. Хосеп Марија Бартомеу си замина од претседателската функција, но со него не си заминаа и проблемите, напротив доаѓаат за наплата.

Во време кога клубот се наоѓа на работ на банкрот и привремената управата преговара со фудбалерите за намалување на платите за дополнителни 30 проценти, за наплата доаѓа лојалноста на капитенот и најдобар играч, Лионел Меси.

Меси во 2017 година потпиша нов договор со Барселона со кој стана најдоброплатен фудбалер на светот, а во договорот постои клаузула кога му гарантира дополнително богатство. Станува збор за 66 милиони евра кои Меси треба да ги добие доколку не ја напушти Барселона до 2021 година, поточно тоа е бонусот за верност.

Првата половина од таа сума, односно 33 милиони евра се исплатени во февруари годинава, а Барселона која се наоѓа во огромни финансиски проблеми треба да почне да собира пари за останатата половина која треба да му ја исплати најдоцна до завршување на сезоната.

Бартомеу ја уништи Барселона, клубот е на пет дена до банкрот

Барселона спасот од банкрот го бара во Холивуд?!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот