Бартомеу ја уништи Барселона, клубот е на пет дена до банкрот

epa08721284 FC Barcelona's president Josep Maria Bartomeu in a protective mask watches the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Sevilla FC at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 04 October 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Хосеп Марија Бартомеу успеа да ја уништи Барселона пред да си замине, а „Радио Каталонија“ пренесува дека клубот се наоѓа пред банкрот.

Според радиото кое ги открива вистинските проблеми во Барселона, неопходно е фудбалерите да се согласат на намалување на платите инаку во спротивно клубот во јануари ќе мора да прогласи банкрот.

Проблемот е во тоа што Бартомеу не смеел јавно да каже каква е вистинската финансиска ситуација во Барселона и радиото се сомнева дека токму поради катастрофалната состојба тој се премисли и си поднесе оставка иако најавуваше дека ќе го истера мандатот до крајот (март 2021 година) и дека е најдобриот претседател во историјата на клубот.

Додека тој беше на чело на клубот, фудбалерите не сакаа да слушнат за намалување на платите и да имаат разговори со Бартомеу, кој на прес конференцијата само еден ден пред да си поднесе оставка изјави дека нема причини да си замине и купувал време за да го испегла минусот.

„Радио Каталонија“ се повикува на релевантни извори кога извести за катастрофалната финансиска состојба, тие информацијата ја добиле од адвокатите на фудбалерите кои се согласиле да го сослушаат предлогот на привремената управа.
Наводно на состанокот, адвокатите на фудбалерите дознале дека клубот има уште само пет дена, односно до 5. ноември да постигне договор за намалување на платите од точно 190 милиони евра, инаку во спротивно касата ќе биде целосно празна и во јануари Барселона ќе мора да прогласи банкрот.

Привремената управа побарала фудбалерите да се согласат за намалување на 50 проценти од платите за да се заштедат потребните 190 милиони евра, а оваа информација ги шокирала и самите играчи.

Радиото јавува дека првата ѕвезда на екипата Лионел Меси го држи клучот за решението на огромниот проблем, бидејќи освен што е лидер во соблекувалната, тој е и најплатен играч на клубот со 70 милиони евра бруто годишна плата. Доколку тој се согласи на намалување, се очекува и останатите играчи да го следат неговиот пример.

Новите избори за претседател на Барселона најверојатно ќе се одржат на 19. и 20. декември за да може новата управата да реагира во зимскиот преоден рок и да се обиде да донесе засилувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот