Барселона спасот од банкрот го бара во Холивуд?!

epa08805272 FC Barcelona's striker Pedri Gonzalez (R) celebrates with teammates after scoring the 5-2 goal during the Spanish LaLiga soccer match between FC Barcelona and Real Betis held at Camp Nou stadium in Barcelona, Spain, 07 November 2020. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Бурното лето во Барселона кое резултираше со „војна“ на релација Лионел Меси – управа предводена од претседателот Хосеп Марија Бартомеу, резултираше со оставка на претседателот, но проблемите останаа на „Камп Ноу“.

Лошото раководење на управата како и пандемијата на коронавирусот ја донесоа Барселона на работ до банкрот, привремената управа мора месецов да заштеди 190 милиони евра за да не биде приморана во јануари идната година да прогласи банкрот.

Сите случувања од крајот на минатата сезона досега како што се понижувачкиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, одлуката на претседателот Бартомеу да најми маркетинг агенција која преку лажни профили на социјалните мрежи ќе плука со ѕвездите на екипата како Меси, Пике, Бускетс…. доаѓањето на новиот тренер Куман, потоа факсот на Меси со барање да си замине од Барселона, несогласувањата околу намалувањето на платите поради пандемијата како и заминувањето на Бартомеу, е доволно добар „материјал“ да се сними некој филм или серија и најверојатно тоа ќе се случи.
Одредени шпански медиуми пишуваат дека Барселона е блиску до договор со неименувано филмско студио од Холивуд.
Според медиумите, Барселона би добила 200 милиони евра плус можност да ја поправи сликата за себе преку филм или серија и да се спаси од банкрот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот