Верификуван мандатот на пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири

Собранието ноќва, во два часот по полноќ, ги констатираше оставките што ги поднесоа пратениците, во функција на формирање на новата влада на СДСМ и на ДУИ, како и да ги верификува мандатите на нивните наследници.

Собранието ноќва го верификуваше мандатот на пратеничката Фиснике Бектеши Шаќири.

Вечерва беа верификувани мандатите на новите пратеници – Драгица Ѓавочанова, Зекир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска-Ванчева и Мирослав Богдановски.

Сите оставки и верификации на мандати вчера беа констатирани и гласани на посебни седници, на кои постојано беа присутни по 61 од вкупно 62 пратеници кои се дел од новото парламентарно мноинство. Од седниците отсуствуваа сите пратеници од опозициските редови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот