Велосипедистите бараат „ослободување“ на патеките од контејнери, канделабри и непрописно паркирани возила

Фото: Фејсбук / „На точак“

Контејнери поставени на велосипедските патеки, канделабри кои го попречуваат движењето, непрописно паркирани автомобили, поставување на урбана опрема на патеките, високи рабници… Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат велосипедистите додека возат низ Скопје.

– Вакви „детали“ ја прават целата разлика. Вакви детали влијаат на чувството на безбедност и задоволство на граѓаните при користење велосипед и влијаат на процентуалното учество на велосипедскиот сообраќај во вкупниот. Важно е да се зголемува велосипедската мрежа, но важно е да се прави тоа и по стандарди. Вакви „детали“ за жал има и на најдобрите патеки низ градот! Минување низ автобуски постојки, остатоци од канделабри, неспуштени рабници на пешачки острови, незаштитени пешачки острови…- велат од граѓанската иницијатива „На Точак“.

Фото: Фејсбук / „На точак“

За коплетно да се промени моменталната состојба на терен, да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот вклучително и на велосипедистите се со цел колку што е можно поголем број на граѓани велосипедот да го користат како превозно средство за да стигнат на работа или пак до училиште, од „На точак“ бараат конечно да се направат конкретни промени кои се повеќе од потребни.

– Поради вакви ситуации бараме строги политики за правила за урбана опрема (контејнери, тераси од кафеани. билборди), за јавно паркирање, физичка заштита на патеките и квалитетно уредување и озеленување, како и стандардизирање на планирањето и проектирањето на велосипедската инфраструктура (димензиите, решенијата на крстосници, густина на велосипедска мрежа итн.) и пропишување на градски процедури, прирачници и детали по примерот на европските градови – децидни се велосипедистите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот