Велкоски и соиграчите ја славеа титулата на улиците на Сараево! (ВИДЕО)

фото: фејсбук

За македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски ова е трета шампионска титула и испиша историја со клубот.

Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина поради пандемијата на коронавирус одлучи да ја прекине сезоната и да го прогласи ФК Сараево за шампион.

За македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски ова е трета шампионска титула и испиша историја со клубот.

На улиците на Сараево нашиот играч и неговите тимски колеги го славеа трофејот заедно со навивачите.

Велкоски преку социјалните мрежи објави видео од атмосферата која владееше и само кратко напиша: „Шампиони“.

Фудбалерите и стручниот штаб тргнаа со автобус од стадионот на Кошево и поминаа низ центарот на градот, се славеше до раните утрински часови.

View this post on Instagram

??

A post shared by Krste Velkoski (@krste_velkoski11) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот