Велешанец ги истепал невенчаната сопруга и малолетната ќерка

Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Четириесет и едногодишен велешанец со иницијали С.Б. бил приведен во семејниот дом под сомнение дека по кратка расправија ги нападнал невенчаната сопруга и нивната малолетна ќерка.

– На 31.03.2024 во 11:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Б.(41) од Велес затоа што во семејниот дом, по кратка расправија, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивната малолетна ќерка, информира денеска СВР Велес.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот