ВИДЕО | Вела: Имало муабети дека тетовскиот анестезиолог користел наркотични средства, но неговото досие е чисто

Фото: Слободен печат

Директорот на Клиничката болница Тетово Плумб Вела, изјави дека имало муабети низ болничките ходници дека тетовскиот анестезиолог кој снимаше пациенти и медицински персонал, a потоа видео матаријалот го сподели на ТикТок користел наркотични средства, но официјална потврда за вакви инциденти нема оти во болницата немало Дисциплински комисија да ги утврди и казни ваквите појави.

„И јас исто можам да потврдам дека вака во разговори, моабети се разговарало дека користел наркотици, но официјално нема потврда за тоа. Во неговото досие само стои дека бил една година на боледување, бил болен од туберколоза и бил на боледување една година, нешто друго за употреба за некои наркотични средства нема во неговото досие“, вели директорот на Клиничката болница Тетово Плумб Вела.

Во Клиничката болница Тетово, немало подолг период формирано Дисциплинска комисија, па затоа и немало официјални забелешки за работењето на медицинскиот персонал.

Зошто не била формирана таа дисциплинска комисија јас не можам да ви кажам, вели директорот Вела. Но, другата недела на Управен одбор ќе го формираме ова тело, додава тој.

„Како било порано јас не можам да ви дадам информација, можам да ви дадам како ќе биде понатака. Значи ние на првиот состанок наредната недела кој ќе го имаме со Управниот одбор ќе формираме Дисциплинска комисија, која ќе биде составена од преставник од синдикатот, ќе има член од Хируршкиот блок од Интернистичкиот блок од лекари, ќе има правник и ќе се формира таа комисија. Јас би сакал да нема вакви случаеви како што беше минатата недела, но таа комисија треба да се формира. Но, за овој случај што беше минатата недела формиравме ад хок комисија, имаше преставник од синдикат, од началникот на одделението каде што работеше анестезиологот и имаше еден правник“, вели директорот Вела.

Вела се надева дека со новодонесениот правилник на болницата ќе се заштити приватноста на пациентите и ќе се почитува хиерархијата на болницата.

Истакна дека е во контакт со Министерството за здравство за набавка на нови лифтови за болницата оти старите или не работаат или се со чести дефекти, а како друг приоритет на болницата е што поскоро пуштање во употреба на Ургентниот цетнар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот