Родителите на Коста се огласија за првпат по масакрот: „Плачеме од неизлечива болка и тага“

Родителите на 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој во училиште во Белград уби десет луѓе и рани петмина, се огласи за првпат по масакрот, преку писмо до јавноста изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете и за (чуварот) Драган (Влаховиќ) кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство поради нивната загуба, која е и наша загуба. Вечно тажни“, се вели во соопштението на адвокатската канцеларија Боровиќ.
Изјавата е потпишана од семејството на момчето кое е осомничено за убиствата во основното училиште Владислав Рибникар.
Инаку мајката на момчето од основното училиште „Владислав Рибникар“ била сослушана во полиција поради сомнение дека сторила кривично дело – запуштање и малтретирање на малолетно лице, откако Првото основно обвинителство нареди полицијата да ја сослуша.
Ученикот од седмо одделение К.К. осомничен е за масовното пукање на 3 мај кога влегол во училиштето во кое учело и пукал во свои врсници и вработени. Тој уби осум ученици и училишен чувар на лице место, а рани уште седуммина, додека едно девојче подоцна им подлегна на повредите.