Вечерва може да заврши големиот сон на Меси

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентацијата на Аргентина пред почетокот на Мундијалот важеше за еден од најголемите фаворити на Светското првенство во Катар, меѓутоа „Гауочосите“ потфрлија и во првото коло беа поразени од Саудиска Арабија.

Ретко кој очекуваше дека низата од 36 натпревари може да им заврши токму против Саудијците. Со тој пораз Аргентина се доведе во незавидна позиција и против незгодните Мексиканци вечерва нема право на пораз.

Мексико одигра 0:0 против Полска во првото коло, на голот го имаат секогаш одличниот на големите турнири Гиљермо Очоа кој може да биде проблем за Меси и друштвото. Аргентина мора да победи, со реми ќе останат во игра, но и ќе бидат во тешка ситуација за последното коло против Полска.

Токму затоа дефинитивно вечерашниот натпревар е еден од најважните во кариерата за Лионел Меси кој го игра својот последен Мундијал и за него ова е последна шанса со Аргентина да дојде до светската тиула која му недостасува. Ќе потсетиме, „Гаучосите“ во Катар допатуваа како актуелни шампиони на Јужна Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот