Василев по двете победи над Србија: Секогаш има простор за напредок и подобра игра

Фото: kfsm.mk

Двете победи од (61:53) и (66:54) во Зрењанин против македонската јуниорска репрезентација против Србија треба да се показател за нашиот стручен штаб предводен од селекторот Никола Василев какви треба да бидеме и на оние официјални мечеви кои од 3-8 август нè чекаат на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.

– Ова беше нашиот последен тест пред почетокот на турнирот во Скопје, на кој увидовме некои наши недостатоци и предности. Во дефанзивниот дел одигравме прилично коректно, но во офанзивниот треба да поправиме неколку работи.

Сите играчи го даваа максимумот, но секако дека секогаш има простор за напредок и за подобра игра. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките во Скопје, каде ќе ги имаме завршните корекции во играта пред турнирот – рече Василев.

Околу конечниот избор на 12 кошаркари кои ќе играат на „Челенџерот“ во Скопје, предводникот на селекцијата „Под 18“ години, вели дека е отворен задолжителните тестирања за заштита од ковид-19 кои ги налага ФИБА.

– Ќе биде познат по утрешното тестирање од ковид-19, односно вечерниот тренинг. Не сакам ништо да објавувам однапред. Поточно, доколку треба, а би сакале да не биде така, имаме и резервни планови поврзани со конечниот список на играчи кои ќе настапат на турнирот – додава селекторот на јуниорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот