Вашиот нов омилен оброк – Одлични палачинки со праз, сланина и спанаќ

Се прашувате што да појадувате ова утро, или можеби потребна ви е идеја за ужинка или вечера, ова е одличен рецепт кој ќе биде вашиот нов омилен оброк.

Потребни состојки:

– 400 грама праз
– 150 грама сланина
– 100 грама спанаќ
– 500 грама крем сирење
– Сол
– Бибер
– Палачинки (однапред подготвени)

Начин на подготовка:

Исецкајте го празот на тенки кругови, спанаќот на линии, а сланината на коцки. Земете една тава и пржете ја сланината се додека не порумени. Внимателно извадете ја на страна, а во истопените маснотии динстајте го празот. Посолете по вкус, а кога празот ќе омекне, додајте го и спанаќот и динстајте уште неколку минути.

Тргнете ја тавата од оган и вратете ја назад сланината. Додајте и малку бибер по вкус, па оставете да се олади. Потоа, додајте го и крем сирењето, па рамномерно нанесете го на однапред подготвените палачинки.

Од оваа смеса ќе имате доволно фил за 15 до 20 палачинки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот