Вашингтон, Токио и Сеул најавија размена на информации за севернокорејски ракети

Северна Кореја проектил Хвасонг-17 / Фото EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

САД, Јапонија и Јужна Кореја денеска објавија дека ќе почнат до крајот на годината да споделуваат информации за лансирани севернокорејски ракети. Тоа се нагласува во изјава објавена по состанокот во Сингапур на министрите за одбрана на трите земји.

Вашингтон, Токио и Сеул планираат да активираат „механизам за споделување податоци во реално време“ за „да ја подобрат нивната способност за откривање и проценка на лансирање ракети“ од Северна Кореја, се вели во соопштението.

САД, Јапонија и Јужна Кореја го објавија ова откако Северна Кореја се обиде да лансира воено разузнавачки сателит оваа недела, но сателитот „падна во море“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот