Варди е најдоброто засилување во историјата на фудбалот

фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, во својата колумна за „Телеграф“ нема дилеми за тоа кој трансфер и најдобар.

Џејми Варди без конкуренција е најдоброто засилување во историјата на Премиер лигата, но поранешниот капитен на Ливерпул смета дека напаѓачот на Лестер е најдоброто засилување во историјата на фудбалот.

Од 2012 година кога од петтата лига за сума од еден милион евра се пресели во Лестер кој тогаш настапуваше во Чемпионшип, па до денеска Џејми Варди одигра 332 натпревари за „лисиците“ на кои постигна 143 од кои 114 во Премиер лигата, има 57 асистенции и една титула англиски шампион. Варди беше предводник на Лестер кој во сезоната 2015/16 ја освои единствената шампионска титула и со тоа ги освоија срцата на сите фудбалски фанови во Англија и ширум светот.

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер, во колумна за угледниот „Телеграф“ пишува дека трансферот на Џејми Варди е најдобар не само во Премиер лигата туку и во историјата на фудбалот.
„Секогаш сум внимателен кога за некого зборувам дека и најдобар на сите времиња. Тоа обично е прашање на вкус и на различни мислења. Но, доколку направиме листа на најголемите, највлијателните засилувања, а потоа го вклучиме и факторот пари, односно подгледнеме колку се платени, кој е подобар од Варди?“, пишува Карагер во својата колумна.

Карагер воопшто нема дилеми дека трансферот на Варди е најдобар во Премиер лигата во конкуренција на многу фудбалски легенди.
Можеме да зборуваме за многу трансфери кои ја менувале историјата на Премиер лигата. На пример, Ерик Кантона кога премина в Манчестер јунајтед или доаѓањето на Денис Бергкамп во Арсенај, Јаја Туре и Давид Силва во Манчестер сити и Вирџил ван Дајк во Ливерпул.Меѓутоа, тие веќе беа докажани фудбалери, интернационалци, репрезентативци и големи имиња кои доаѓаат во екипите кои се кандидати за титулата – тие се последниот мозаик на шампионските екипи. Со Варди приказната е поинаква и затоа неговиот трансфер и најголем во Премиер лигата, и во историјата на фудбалот воопшто“, смета Карагер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот