Вардарци со пораз ги завршија подготовките во Анталија

принтскрин/Crvena zvezda/Youtube

„Црвено-црните“ денеска загубија со 1:3 од словенечкиот тим Мура.

Есенскиот шампион Вардар претрпе пораз на последниот контролен натпревар во Анталија; Турција.  „Црвено-црните“ се поразени со 1:3 од словенечкиот прволигаш Мура.

Вардарци беа подобар противник во првиот дел, а одличната игра беше крунисана одличен гол во 38. минута на Брдаровски со удар од преку 20. метри.

Мура се врати во вториот дел и постигна три гола за комплетен пресврт на дуелот и триумф. Шушњара погоди во 74. и во 78.минута, а конечниот резултат го постави Бубњар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот