Вардарци без Толедо на стартот од сезонава

Европскиот ракометен шампион Вардар на  почетот од новата сезона ќе биде без услугите на едно од засилувањата, Бразилецот Жозе Голјерме де Толедо.

Врз Бразилецот денеска беше извршен оперативен зафат, тој го оперираше десното колено поради санирање на повредата на менискусот. Се очекува, рехабилитацијата на Толедо да трае три месеци што значи дека ќе го пропушти првиот дел од сезоната.

„Ќе бидам три месеци „во аут“ поради операција на менискусот. Ова не е начинот на кој сакав да ја почнам сезоната, но, е се вратам посилен“, објави Толедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот