Вардарци ги продолжуваат настапите во ЛШ, без Ристовски и Гаџа против Монпелје

Анте Гаџа/ фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Ракометарите на Вардар вечерва (18.45 часот) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите со гостувањето кај францускиот Монпелје.

„Црвено-црните“ лошо ја завршија 2021 година, нанижаа седум порази по ред во ЛШ, а серијата започна во Скопје токму со натпреварот против Монпелје. Лошата серија му пресуди на Веселин Вујовиќ и во вториот дел од сезоната екипата ќе ја предводи Давид Дејвис.

– Играме против Монпелје, прв меч во Лигата на шампионите после паузата и мислам дека е најтежок противник, игра одлично во ЛШ, се на првата позиција на табелата. Не изгледаа толку добро до декември во домашното првенство, но во ЛШ е сосема друга приказна. Ова ќе биде прв натпревар во ЛШ по паузата, ќе биде многу тешко. Но, ние мораме да ја играме нашата игра, да веруваме во нас, и да одиме таму со оптимизам. Како и секогаш одиме на победа. Во првенство играме добро, во СЕХА топло ладно, и во ЛШ засега не сме на посакуваната позиција. Секако дека нашата желба е да бидеме меѓу првите шест екипи – вели Дејвис.

Дејвис за вечерашниот натпревар против Монпелје нема да може да смета на Борко Ристовски, Анте Гаџа и на Марко Мишевски и на нивно место ќе настапат Стефан Крстевски и Мартин Карапалевски.

И без помошта на Ристовски и на Гаџа, вардарци немаат намера да се предадат и се надеваат на поволен резултат.

– Прв натпревар во вториот дел од ЛШ. Озбилен противник кој е лидер во нашата група. Самото тоа што се први на табелата кажува за каков противник станува збор. Одиме во Франција да се надигруваме со нив и нема да се предадеме. Тие не победија на домашен терен, но сега имаме нов тренер нов систем и верувам во поволен резултат иако се многу квалитетни. Ќе биде навистина тешко. Гледавме некои нивни натпревари, се работи за феноменална екипа, но имаме шанси и треба да се надеваме на поволен резултат – вели Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот