Вардар1961 утре ќе има контролен меч против Металург

Вардар ги брани титулите во Суперлигата и во Купот /Фото: РКВардар1961/Denis Dukovski

Како подготовка за новата натпреварувачка сезона Вардар1961 во четврток (5 август) ќе одигра пријателски натпревар против Металург во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Овој меч ќе биде од затворен тип, без присуство на публика и со ограничен број на присутни службени лица од двата клуба.

„Црвено-црните“ се вратија од Златибор и ги продолжија подготовките со тренинзи во главниот град.

Играчите предводени од тренерот Веселин Вујовиќ работат на физичката и тактичката подготовка во пресрет на првите дуели во новата сезона.

Претходно беше објавено дека Вардар1961 ќе учествува месецов на меѓународниот турнир (21-22 август) „Хумел Куп“, ќе тестира против данскиот Холстебро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот