Вардар и Порто во битка за петтото место

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Доколку варварци триумфираат, тогаш сигурно ќе го освојат петтото место на табелата во групата Б.

Европскиот шампион денеска (16 ч.) му гостува на Порто во претпоследното коло коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони.

И покрај сите проблеми со кои се соочуваат ракометарите, играат цела сезона без плата, неколку клучни ракометари си заминаа, „црвено-црните“ обезбедија пласман во осминафиналето, а денеска против Порто го играат клучниот натпревар за освојување на петтото место во групата Б, му гостуваат на Порто.

Вардарци во првиот натпревар кој се играше во Скопје славеа со 32:27, а на табелата имаат 11 бодови, еден повеќе од португалскиот тим и со триумф ќе ја обезбедат петтата позиција со што би можеле во последното коло да атакуваат и на четвртото место кое значи избегнување на ПСЖ и Пик Сегед во осминафиналето.

– Порто е фаворит сега на дуелот, а ние одиме без притисок и со единствена мисла – да играме, да се натпреваруваме и секако да ги искористиме шансите. Се обидуваме да не мислиме на проблемите, но најголем е тој што немаме доволно играчи за ротација, па ќе мораме да се потпреме на она што го имаме во моментов. Знам дека сите ќе се борат до крај, нема предавање – напротив ќе гледаме да бидеме на ниво со кое ќе можеме да се носиме со домаќинот – изјави Стевче Алушовски, тренерот на Вардар.

Алушовски се одлучи за една промена, од тимот кој го совлада Мотор го нема голманот Васил Гогов, а неговото место го зазеде крилото Ален Ќосевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот