Вардар го„ врза“ Скубе до 2022 година
Сташ Скубе беше еден од најдобрите ракометари на Вардар кога беше најпотребно, на завршниот турнир во Келн каде „црвено-црните“ по втор пат ја освоија шампионската титула. Наградата за добрите резултати дојде со новиот договор со кој Скубе и во наредните три сезони ќе го носи дресот на Вардар.
– Задоволни сме што Сташ Скубе останува со нас и во наредните сезони. Со продолжувањето на соработката сигурни сме дека ќе бидеме уште подобри, а тој ќе продолжи да биде еден од лидерите во тимот. Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020 –изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Словенецот во Лигата на шампионите постигна 59 гола, а во СЕХА-лигата 44 пати се запиша во листата на стрелците. Во финалето на СЕХА лигата против Загреб постигна пет голови, додека вна финалниот натпревар во Келн, против Веспрем, три пати се запиша во листата на стрелци.