Вандализам: Запалени два контејнери за отпад во Ѓорче Петров

Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Несовесното однесување на дел од граѓаните продолжува. Вчера во општина Ѓорче Петров биле запалени два контејнера за ѓубре.

 ЈП Комунална хигиена повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2 м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина – велат од комуналното градско претпријатие.

Оттаму известуваат и за други активности кои ги преземаат овој период. Деновиве е спроведено чистење на Транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што, како што информираат, биле отстранети приближно 10 метри кубни отпад од дивите депонии формирани на овој простор.

Во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија, па и „Комунална хигиена“. Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот