Ванда кажа НЕ, ништо од трансфер на Икарди во Јуве

Речиси цело лето траеше сагата околу Маури Икарди и неговото заминување од Интер и евентуален трансфер во Јувентус. На крајот Икарди го истера своето, ги напушти „нероаѕурите“, но наместо во Торино заврши со Париз, во редовите на францускиот шампион ПСЖ и се чини дека не погреши.

Тој во ПСЖ пристигна на едногодишна позајмица, а со досега прикажаните игри ги воодушеви челниците на екипата и тренерот Томас Тухел, кои уште сега се подготвени да платат 70 милиони евра за да го откупат договорот со Интер.

фото:твитер

Засега неговата сопруга и менаџер Ванда Нара не се огласи по најавите на челниците на екипата, но затоа јавно кажа каде нема да игра во иднина и ги разочара навивачите на Јувентус кои се надеваа дека тој идното лето ќе се врати во Италија и ќе го облече „црно-белиот“ дрес. За него во моментов постојат само две опции, враќање во Интер или потпис со ПСЖ, што значи дека евентуалниот трансфер во италијанскиот шампион и дефинитивно пропадна.

– Не! Мауро е среќен  во Париз каде постигнува и „луди“ голови. За мене и најважно тој да биде среќен и во моментов тој е навистина среќен. Игра за еден од најголемите светски клубови, а доаѓањето во ПСЖ беше потег за да се го предаде Интер. Не знам кој го истера од Интер, но на крајот се покажа како одличен потег за сите. Тој сега е во подобар и поголем тим од Интер – изјави Ванда Нара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот