Валтер: Пробавме со „7 на 6“ против Веспрем, тоа не функционираше како што сакавме

Тренерот на Е. Пелистер, Ларс Валтер/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

Е. Пелистер во своето прво учество на Фајнал-фор турнир во СЕХА Газпром лигата, денеска во Задар во полуфиналето загуби од актуелниот шампион Веспрем (41:27).

В недела битолчани ќе играат против Нексе од Нашице кои во хрватската пресметка во првото полуфинале беше поразен од ППД Загреб.

Тренерот на Е. Пелистер, Ларс Валтер беше свесен за високиот квалитет на противникот од Унгарија.

– Бевме свесни дека за да изненадите тим како Веспрем, треба да направите нешто што не е обично и го пробавме со играта „7 на 6“ во нападот. Тоа не функционираше онака како што сакавме, за жал, бидејќи им дозволивме да постигнат многу лесни голови поради кои и некако падна мотивацијата. Подготвувајќи го натпреварот мислев дека нападот ќе биде проблем за нас, но на крајот беше сосема спротивно. Ќе мораме сите добро да се подготвиме за мечот в недела – рече Валтер по полуфиналниот натпревар.

И десниот туниски бек на Е. Пелистер, Усама Хосни знаеше што го чека македонскиот вицешампион против Унгарците.

– Едноставно не бевме доволно агресивни во првото полувреме и им дозволивме да направат позитива и веќе рано да го решаваат натпреварот. И покрај нè, ова е сигурно навистина добро искуство за нас и верувам дека овој тим ќе продолжи да расте – вели Хосни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот