Вакцината на Џонсон и Џонсон од ФДА доби дозвола за користење

Џонсон и Џонсон вакцина/ Фото: ЕПА

 Советниците за вакцини во Американската агенција за храна и лекови (ФДА) вчера ја одобрија употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.

ФДА и Комитетот за биолошки производи јавно гласаа за одобрување на вакцината за итни случаи за лица постари од 18 години.

Доколку одборот на ФДА ја следи препораката, и има големи шанси тоа да се случи денеска, вакцината на Џонсон и Џонсон ќе биде третата одобрена во САД, а таа се разликува од Модерна и Фајзер по тоа што содржи само една доза и може се чува во обични фрижидери, односно не бара екстремно ниски температури.

Вакцината, направена од подружницата Јансен, е клинички тестирана на повеќе од 44.000 луѓе во САД, Јужна Америка и Латинска Америка.

На глобално ниво, покажа ефикасност од 66 проценти во спречување на умерени и тешки форми на Ковид.

Кога станува збор за тестовите направени во САД, ефикасноста е 72 проценти, а 85 проценти е ефикасни против развој на тежок облик на болеста.

Никој кој примил вакцина за време на тестот не починал, додава Си-Ен-Ен, и се очекува американските граѓани да почнат да добиваат дози на вакцината на Џонсон и Џонсон веќе од следниот понеделник. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот