Вака се сака омилениот клуб: Судбоносното „да“ го кажаа на трибини

Италијанската Рома во првото коло во Лигата на Европа пред своите гледачи го совлада Башакшехирспор со високи 4:0. На „Олимпико“ во Рим убедливиот триумф го следеа 21.348 гледачи, а вистински хит беше млад брачен пар.


Двајцата млади Римјани одлучија да стапат во брак на денот кога играше нивниот омилен клуб и судбоносното „да“ го кажаа токму на „Олимпико“. Младите свечената церемонија ја извршија на трибините, невестата беше во венчаница, додека младоженецот во одело, а и двајцата имаа шалови на Рома околу вратот и уживаа во победата на нивниот омилен клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот