Вајли: Имаме уште три меча, денеска имавме проблеми особено во одбраната!

Фото: kfsm.mk

На првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Перм за пласман на Европското првенство, Италијанците нè победија во последните пет минути (92:84).

Еден од носителите на играта на нашата репрезентација, Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли силно веруваше дека се можеше на крајот да биде постигнат голем резултат, но на крајот „аѕурите“ беа тие кои го славеа триумфот.

– Се боревме жестоко во текот на целиот натпревар. Имавме неколку фантастични серии, но и падови во играта. Сепак, горд сум на тоа како се однесувавме во дуел со еден голем ривал, имаме уште три натпревари и мораме што побрзо да се насочиме кон нив – рече Вајли.

Воедно и посочи каде беше проблемот во нашата игра против италијанската селекција:

– Секогаш кога ќе се промашат слободни фрлања е лошо за тимот. Но, мислам дека денеска имавме малку поголеми проблеми, особено во одбраната каде дозволивме неколку лесни поени од транзиција и од отворени позиции за тројка и на нив треба да насочиме повеќе внимание во иднина – додаде Вајли на пресот по средбата во „Молот“ Арената.

Тодоров: Имаме светла иднина, сè ќе се сведе на мечот со Естонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот