Тодоров: Имаме светла иднина, сè ќе се сведе на мечот со Естонија!

Фото: kfsm.mk

Александар Тодоров не беше незадоволен од крајниот резултат на средбата со Италија. За него е најважно што овој тим покажа едно сосема поинакво лице во однос на ланскиот февруарски „прозорец“ на ФИБА

– Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.

Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно сè ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник – рече Тодоров.

Селекторот вели дека Димитријевиќ и Вајли би можеле да бидат сериозен тандем, особено што „потекнуваат“ од АЦБ лигата, макар биле во различни клубови во овој момент.

– Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат – додаде Тодоров.

Квалификации ЕП: Македонските кошаркари поразени од Италија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот