Ужас во училиште во Индија | Директор и наставник вршеле трговија со деца

Директор и еден наставник на училиште во Западен Бенгал, Индија, по неколку недели истрага беа фатени како тргуваат со деца од училиштето. Директорот Видају А. е фатен пред два месеци од еден од наставниците во училиштето додека телефонски преговарал со шверцерите на деца за тоа како да се направи предавањето. Наставникот тогаш не можел да реагира, бидејќи не бил сигурен за што станува збор, но брзо добил потврда за што навистина се работи, пренесува НДТВ.

Наставникот преку пријател во полицијата дискретно открил дека полицијата има основано сомнение дека во неговото училиште се игра ужасна игра „зад параванот“ и дека водачот е токму директорот.

Полицијата преку еден свој колега на тајна задача, за неколку недели дознала се што е потребно, пришто директорот Видају А. е уапсен.

– Тој е паметен, вреди повеќе од другите деца. Нема никој, тој живее во сиропиталиште, тоа е моја препорака – рече меѓу другото директорот пред да биде снимен, а потоа уапсен.

 

Училиште во Западен Бенгал веќе неколку дена е под полициска контрола. Сите вработени, нивните компјутери и другиот училишен имот се проверуваат со цел да се пронајдат можните соучесници на директорот на училиштето.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека е откриено дека Видаја А. лично продал четири деца за кои претходно рече дека на училиште се преселиле во друг град. Ниту едно од продадените деца немало родители.

Целата област околу училиштето Јавахар Наводаја Вишалаја е во шок поради трговијата со деца. Локалните жители протестираа една вечер на улица, но беа бргу испратени дома поради опасност од ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот