Ужас во прилепско: Син го заклал татко си

Фото: Архива

Млад жител на прилепското село Селце е уапсен вчеравечер во Прилеп, откако во семејниот дом со нож го избодел неговиот татко, кој подоцна починал, соопшти МВР. По крвавиот инцидент во семејниот дом, синот по избегал во Прилеп, но два часа подоцна го пронашла полицијата.

„На 19.12.2022 во 22.00 часот на ул.„Димо Наредникот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.М.(26) од селото Селце, прилепско. Тој се сомничи дека околу 20.00 часот во семејниот дом во Селце, по претходна расправија, со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко М.М.(52), кој подоцна починал“, велат од полицијата.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот