Ужас во Луисвил: Двајца полицајци се застрелани на протестите за убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор

полиција САД/ Фото: МИА

Двајца полицајци се застрелани во Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, во текот на протестот поради полициската бриталност, по покренатото обвинение против еден поранешен полицаец кој го извршил убиството на Афроамериканката Бреона Тејлор, јави ДПА.

-Двајца наши полицајци се застрелани вечерва, изјави Роберт Шредер, привремен началник на полицијата, опишувајќи ја како „многу сериозна и многу опасна ситуација”.

Германската агенција пренесува дека едниот од ранетите полицајци бил свесен и стабилен, додека вториот бил на операција.

За повредите на двајцата се смета дека не се опасни по животот, додава ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот