Утре нè очекува супермесечина во Водолија – како ќе ни влијае?

Фото: Profimedia

Полната Месечина во знакот на Водолија ќе се случи на 1 август, во 19.32 часот. Со оглед на тоа што месечевиот циклус трае 29,5 дена, тоа значи дека месецов ќе имаме уште една полна месечина на 30 август – сина Месечина во знакот на Риби. И двете полни Месечини ќе бидат супермесечини, односно и во двата случаи Месечината ќе биде на најблиското растојание од Земјата и нејзините ефекти ќе ги чувствуваме посилно од вообичаено, пишува „Атма“.

Оваа полна Месечина е совршена почетна точка за „создавање простор“. Содржи слатки, лековити вибрации, кои ќе ни помогнат нежно и со љубов да се подготвиме за да се ослободиме од сè што е тешко.

Веројатно, ќе почувствуваме силни исцелителни вибрации, особено кога станува збор за прашања од срцето. Оваа енергија дополнително ќе се интензивира бидејќи Венера, планетата на љубовта, ќе биде во ретроградна положба.

Ќе бидеме свесни додека болните емоции, таги и разочарувања полека ќе излегуваат на површина. Можеме да се чувствуваме особено емотивно и чувствително, и иако може да бидат доста интензивни чувствата, веројатно ќе почувствуваме чувство на олеснување кога ќе поминат.

Енергијата на Водолијата, пак, може да ни помогне да пристапиме со одредена доза на логичност за да можеме да ја донесеме најдобрата одлука.

Се разбира, процесот нема да биде секогаш толку лесен, но треба да знаеме дека имаме лековита енергија на наша страна. Месечината ќе ни ја даде неопходната поддршка, особено доколку постојат одредени работи на кои сакаме да им ставиме крај.

За време на оваа полна Месечина би било особено корисно да воспоставиме хармонија со светот околу нас, да поминуваме повеќе време во природа и да користиме лековити намирници и билки.

Ова е идеален момент да ја искористиме енергијата на Месечината за чистење, детоксикација и исфрлање на негативните мисли од вашето битие. Бидејќи енергијата на Водолијата ќе биде силна под оваа полна Месечина, можеме да ја искористиме за да ги трансформираме густите, тешки, негативни енергии околу нас во нешто полесно, понадежно и пољубезно.

Дозволете сочувството да зрачи од вашето срце во овој период. Дозволете ѝ на оваа полна месечина да направи да се чувствувате исполнето – вашето срце нека биде исполнето со љубовта што сте ја добиле и ќе продолжите да ја добивате.

Немаме контрола врз она што се случува во светот околу нас, немаме контрола врз настаните што се одвиваат, но имаме контрола врз тоа како се справуваме со работите и на што ја посветуваме нашата енергија. Донесете свесна одлука и дадете ја вашата енергија она оние нешта што ве исполнуваат.

За време на оваа полна Месечина насочете ја вашата енергија кон сето она што ве исполнува. Дозволете вашето срце да зрачи како Месечината, да биде големо, светло и полно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот