Утре концертна промоција на „Тие се насекаде“ во МКЦ

По речиси една година од издавање на албумот „Тие се насекаде“, македонскиот хардкор бенд „SMUT“ ќе одржи концертна промоција утре, на 19.04.2019 во Младинскиот културен центар – МКЦ.

Групата е формирана во 1996 година од страна на вокалот Ѓорѓи Иловски, тапанарот Благоја Антовски, басистот Дарко Најдовски и гитаристите Дејан Николовски и Горан Ристевски, кои воедно се членови и до ден денес.

Како специјални гости на концертот ќе настапат „Sanatorium“, „Зад Аголот“ и „Последен Удар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот