Утре ќе биде соопштена одлуката за покачување на платите на просветните работници

Премиерот Зоран Заев денека, одговарајќи на прашањето околу тоа дали ќе им бидат зголемени платите на просветните работници, истакна дека таа одлука утре ќе ја соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми.

– Министерот за образование и наука преговара со министерката за финасии. Тука се на припомош и другите ресори коишто прават свои отстапки, затоа што буџетот е толку. Сите солидарно гледаме да ги задоволиме приоритетите. Секако одлуката треба да биде соопштена утре – посочи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот