Уставна церебрална парализа

Во вкупната предизборна какофонија, чиј обид за подетално следење може да предизвика церебрална парализа со хронично заболување на централниот цревен систем, една тема поминува речиси незабележано, иако конституира голем политички предизвик, да не кажам закана, по идната стабилност на македонската држава. Тоа е програмската заложба на ВМРО-ДПМНЕ за редефинирање на Уставот и наново уставно „уредување на меѓуетничките односи според принципот на единствена македонска нација“.

За тоа во повеќе детали зборуваше и Христијан Мицкоски во интервјуто кај колегата Васко Попетрески на ТВ Алсат-М во кое образложи дека тоа би подразбирало, низ концептот за „нова политичка македонска нација“, „доуредување на правата на етничките малцинства“ во државава, што би придонело и етничките Македонци, според Мицкоски, да престанат да се чувствуваат како „граѓани од втор ред“, бидејќи „Македонците имаат една држава, оваа, каде што живееме“. Дополнително што таквото редефинирање на Уставот „не ги деноминира правата на помалите етнички заедници“. Тој смета дека со тоа ќе се „унапреди“ и Охридски рамковен договор.

„Суштината – вели Мицкоски – е да се формира едно тело во коешто ќе членуваат експерти… кои ќе отворат дебата… не постои тука никаква дилема, да разговараме, да видиме дали постои и дали има можност и простор да седнеме да разговараме, да видиме, да се издигнеме над ситуацијата и да направиме нешто што ќе биде подобро од ова што е сега.“ И додава дека „не ни текнало ова затоа што сакаме националистички да звучиме, (туку) сме разговарале со најмалку тројца професори по уставно право – Сиљановска, Климовски и Каракамишева – и сме детектирале недостатоци… И зошто тие недостатоци да продолжат да бидат дел од ова политичко мочуриште кога можеме разумно тие недостатоци, да видиме, да ги исправиме?“

Прочитајте и...  Над 12 милиони оздравени од ковид-19, бројот на заразени се движи кон 19 милиони

Ете, такааааа… Значи, доколку сегашната опозиција ја предводи следната македонска влада, ќе се отвора Уставот, но не („посекако“, што би рекле прилепчани) за да се поништат последиците од Преспанскиот договор во него – тоа, според некои блесави изјави на разни поголеми и помали претставници на опозицијата, ќе се направи со укинувачка одлука на владата, како да е комунална такса во прашање – туку за ревизија на сегашната уставна поставеност на македонскиот политички систем.

Ни помалку, ни повеќе.

Да речеме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите за десетина дена и ќе составува нова влада. Тоа значи дека – бидејќи ќе имаме „премиер Албанец“ – новата претседателка на Македонското собрание, Сиљановска-Давкова, во септември ќе формира „едно тело“, кое веројатно ќе го претседава Каракамишева и ќе го ко-претседава Климовски помладиот, во кое етничките Македонци ќе заподенат расправа, „која нема да зазвучи националистички“, со претставниците на другите етнички „малцинства“ во Македонија (кои имаат и други држави, бидејќи оваа им е „резервна“, а на Македонците им е единствена) што би требало да резултира со „издигнување над ситуацијата“ и „излегување од ова политичко мочуриште“ кое го дефинира сегашниот Устав.

Прочитајте и...  Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Боже, Боже, какви опасни авантуристи! Овие не само што, дојдат ли на власт, повторно ќе нè скараат со целиот нормален свет, туку во рок од неколку месеци своерачно ќе создадат таква длабока внатрешно-политичка криза која ќе заврши со репризно формирање на паравоени единици „лавови“ и со цртање нови федерални, а потоа и сецесионистички граници за отцепувања, присоединувања, етнички размени и „чистења“, за кои мислевме дека се мината траума на современата македонска држава.

Добро, се разбира, знаеме дека и Мицкоски и неговата партија ЛАЖАТ дека ќе го спроведат тој план – за намерите на Каракамишева не гарантирам, но Сиљановска-Давкова, по нисам-одавде-обичај, веројатно и не знае дека оваа предизборна заложба ја има во програмата на ВМРО-ДПМНЕ – бидејќи и најмалиот „правен експерт“ кај нив не е толку голема будала за да мисли дека такво нешто е изводливо во македонската политичка реалност. Целата демагошка идеја, која тотално личи како да е охрабрена од безбедносно-полициското подземје со кои е окружен Мицкоски, им е приземно националистичко бладање за привлекување на оние екстремни гласачи за кои се плашат дека ќе заминат во некоја од порадикалните десничарски (и национал-социјалистички) понуди на овие избори. Па, ни тоа нема да го спречат, бидејќи и тие знаат дека ги лажат.

Прочитајте и...  Едно општество за сите, ама за сите!

Но, и самата ваква програмска понуда предизвикува политички последици, бидејќи континуирано ја држи сегашната опозиција на маргините на македонската политичка нормалност и ја прави легитимна мета за сите сегашни и идни домашни и меѓународни фактори кои преку неа сакаат дестабилизација и на Македонија и на регионот.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ не се само „слабата алка“ во македонската демократија, туку и една од неколкуте „најслаби алки“ во балканскиот мировен и демократски, прозападен поредок. Нивниот изборен пораз станува регионална безбедносно-политичка неопходност, не помалку од тоа.

Прочитај повеќе

Сведоштво на наша сограѓанка: На 40 степени трчаа медицинските сестри во скафандери кога мајка ми се бореше за живот или смрт

Слободен печат

Над 12 милиони оздравени од ковид-19, бројот на заразени се движи кон 19 милиони

Слободен печат

Едно општество за сите, ама за сите!

Џабир Дерала

Потресни сведоштва од Бејрут: „Видов војна, снимав војна, ова е апокалипса“(ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Британскиот водечки советник за пандемијата: Вакцина против коронавирусот ќе биде достапна во 2020 и 2021 година

Слободен печат

Црно-бел предизвик на социјалните мрежи против родово базираното насилство: Се приклучи и дел од македонската естрада

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Комбинирана настава спас за учениците од септември?

Михаило Донев

Врие во ДУИ: Стравот од одење во опозиција е голем

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Соња Кириџиевска

Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, професионален нуркач: Под вода сум како во вселената, како да лебдам

Јасмина Кантарџиева Димков

Грешки на автопатот Кичево-Охрид