Успешен референдум во Италија: Бројот на пратеници се намалува за речиси третина

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Италијанците се изјаснија за намалување на бројот на пратеници за една третина, покажаа првичните резултати на вчерашниот референдум што се одржа паралелно со регионалните избори во земјата.

Излезноста изнесуваше околу 53 отсто, вклучувајќи ги и оние кои гласаа од дома или од болница поради карантин или болест.

Врз основа на 95 отсто од преброените гласачки ливчиња, „за“ намалување на бројот на пратеници на уставниот референдум гласаа 69 отсто од Италијанците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Па, така бројот на пратеници во долниот дом од 630 се намалува на 400 додека во Сенатот од 315 на 200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот