Уште тројца адвокати на Трамп се повлекоа од тужбите за оспорување на изборните резултати

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Уште тројца адвокати претставници од кампањата на претседателот Доналд Трамп побараа повлекување од неговата тужба со која се оспоруваат резултатите од изборите во САД во Пенсилванија, осиромашувајќи го неговиот адвокатски тим пред големото сослушување во судот.

Трамп се предомисли па демантира: Не признавам ништо

Адвокатите вчера го поднесоа барањето во судот, додавајќи дека кампањата на Трамп се согласила тие да се повлечат.

Џена Елис, правна советничка во кампањата, рече дека промената е рутина.

– Претседателот во саботата објави дека побарал од градоначалникот Руди Џулијани да го води националниот правен тим, заедно со локален советник. Нашата замена на локалниот адвокат е во согласност со рутинското управување со сложените судски спорови, рече Елис.

Таа не даде причини за замената, што следеше неколку дена откако реномираната адвокатска фирма Портер Рајт Морис и Артур, исто така, се повлекоа од случајот.

Федерален судија во Вилијамспорт ќе ги сослуша денеска аргументите во тужбата на Изборниот штаб на Трамп, поднесена на 9 ноември, со која сака да спречи демократот Џо Бајден да биде потврден за победник во претседателската трка.

Правни експерти велат дека судските процеси имаат малку шанси да го променат исходот од изборите, а висок правен советник на Бајден оцени дека станува збор за театралност, а не судски тужби.

ВИДЕО | Бајден бара Трамп да му ја препушти власта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот