ВИДЕО | Бајден бара Трамп да му ја препушти власта

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, предупреди дека земјата ја очекува „многу темна зима”, и го повика Конгресот веднаш да го спроведе пакетот економски мерки, за да можат Американците да се справат со пандемијата на коронавирус.

Во своето прво обраќање од Вилмингтон, Делавер, посветено на економијата во земјата, Бајден изрази надеж дека вакцина против коронавирус наскоро ќе има, но сепак потребна е координација со актуелната власт за успешна дистрибуција. Повика на воведување општо правило за носење заштитни маски насекаде низ САД, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

За пакетот мерки тој порача дека тие треба да бидат воведени „многу брзо”.

Бајден го повика сè уште актуелниот претседател Доналд Трамп да започне веднаш со процесот на предавање на власта.

– Повеќе луѓе ќе го загубат животот ако не се координираме, изјави тој.

Бајден упати критики до актуелните власти бидејќи ги напаѓаат лидерите на некои сојузни држави како Мичиген, каде се воведени нови рестрикции на бизнисите со цел да се спречат новите инфекции.

– Што по ѓаволите не е во ред со тие луѓе? Целосно се неодговорни, изјави Бајден.

Идната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека тие ќе се фокусираат на „одговорно отварање и повторно закрепнување на економијата, за таа да му служи на работниот народ”.

Дел од планот на демократите е поддршка на обновливите извори на енергија, производство на електрични возила и станици за полнење, како и економија која работи на заштита на природната средина.

Пред обраќањето, Бајден и Харис одржаа виртуелна бизнис средба со директорите на некои американски компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот