Трамп се предомисли па демантира: Не признавам ништо

epa08820309 US President Donald J. Trump boards his motorcade at the White House in Washington, DC, USA, 14 November 2020, en route to an undisclosed location. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „не признава ништо”, откако медиумите објавија дека најверојатно, првпат јавно признал дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил на претседателските избори во САД на 3 ноември.

– Победил само во очите на медиумите кои пласираат лажни вести. Не признавам ништо. Пред нас е долг пат. Ова беа наместени избори, напиша Трамп на Твитер.

Во друг твит повтори дека изборите биле фалсификувани и порача: „Ние ќе победиме”.

Претходно на Твитер тој напиша дека Бајден, кого не го именуваше, победил, бидејќи, како што тврди Трамп, изборите биле наместени, што повеќето медиуми го протолкуваа како признавање на победата на демократскиот кандидат.

– Победи, бидејќи изборите беа наместени, напиша Трамп.

Актуелниот претседател во одделен твит наведе дека сите механички „застои”, кои се случиле во текот на изборната ноќ се направени бидејќи „тие се фатени како крадат гласови”, не прецизирајќи на кого се однесува тоа.

Трамп повторно ги изнесе тврдењата дека на набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија” Доминион.

Според него, таа компанија има лоша репутација и лоша опрема, која не е квалификувана ниту за Тексас, каде тврди дека тој убедливо победил.

Трамп за својот неуспех ги обвини „лажните и тивки медиуми” и други. 

Трамп на Твитер за првпат го призна поразот: Победи, но изборите беа наместени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот