Трамп на Твитер за првпат го призна поразот: Победи, но изборите беа наместени

Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно денеска за првпат јавно призна дека демократскиот кандидат Џо Бајден победи на претседателските избори во САД што се одржаа на 3 ноември, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени”.

– Победи, но изборите беа наместени, напиша Трамп на Твитер.

Тој во одделен твит наведе дека сите механички „застои” што се случиле во изборната ноќ се направени бидејќи „тие се фатени како крадат гласови”, не прецизирајќи на кого се однесува тоа.

Трамп повторно ги изнесе тврдењата дека на набљудувачите не им било дозволено да присуствуваат на пребројувањето на гласовите, како и дека гласањето во вид на табела го прикажала „радикално левичарската приватна компанија” Доминион.

Според него, таа компанија има лоша репутација и лоша опрема, која не е квалификувана ниту за Тексас, каде тврди дека тој убедливо победил. Трамп за својот неуспех ги обвини „лажните и тивки медиуми” и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот