Уште една жртва на коронавирусот: Почина Методи Андонов, авторот на логото и плакетата на Макфест

По компликации од ковид-19 вчера во Штип почина реномираниот уметник Методи Андонов, на 75 години, објави порталот СДК. Тој на 11 март годинава го прими големото признание на Светската еврејска организација за неговото авторство на споменикот што пред 36 години се подигна во центарот на Штип, во знак на сеќавање на штипските Евреи кои во 1943 беа депортирани во логорот Треблинка. На споменикот се испишани имињата на сите 551 депортирани Евреи.

На само дваесетина метри од овој споменик, пред пет години се подигна спомен-обележје посветено на светската фудбалска легенда Драгослав Шекуларац роден во Штип. И на ова спомен-обележје автор е Методи Андонов.

И двата споменика дело на Мето, како што го нарекуваа штипјани, се поставени пред Центаро за култура „Ацо Шопов“, каде со години се одржува познатиот македонски фестивал Макфест чие лого и главната статуетка што се доделува на најдобрите се дело исто така на Андонов.

Тој е автор и на повеќе други уметнички и архитектонски решенија во Штип и автор на повеќе самостојни изложби, а една од најзабележителните е изложбата на карикатури.

Андонов има нацртано портрет карикатури и на други познати македонски личности од светот на музиката и спортот. Последната портрет карикатура е со ликот на македонскиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев, кој со задоволство ја примил затоа што тој е со неговиот препознатлив гест по постигнувањето гол кога сака да ги чуе навивачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот