Уште една победа за Трамп: Бахреин ќе ги нормализира односите со Израел

EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER / POOL

Се верува дека после Бахреин, Оман и Судан би можеле да го признаат Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска Бахреин се согласи да ги нормализира односите со Израел, после телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху у бахреинскиот крал Хамад бин Иса ал Калифа.

Нормализацијата на односите е објавена на 19. годишнина од терористичките напади на САД и неполна недела пред Трамп да биде домаќин на свеченото потпишување на договорот за воспоставување на дипломатски односи на Израел и Обединетите Арапски Емирати во Белата куќа, на кој ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Бахреин.

Тоа е уште една дипломатска победа на Трамп пред претседателските избори кои ќе се одржат за помалку од два месеци, и кои ќе му овозможат полесна поддршка од произраелските евангелисти.

Минатата недела Трамп објави дека е постигнат договор Косово да го признае Израел и Србија да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

„Ова е историски продор кој натамошен мир на Блискиот исток. Со отворањето на директен дијалог и врски меѓу две динамични општества и напредни економии ќе продолжи позитивната трансформација на Блискиот исток и ќе зајакне стабилноста и просперитетот во регионо“; наведено е во заедничкото соопштение на Трамп, Нетанјаху и кралот Хамад.

Договорот Бахреин – Израел, како и договорот со Емиратите, ќе ги нормализира дипломатските, трговските, безбедносните и другите односи на двете земји.

Бахреин покрај Саудиска Арабија веќе ја укина забранта за користење на воздушниот простор за израелските авиони.

Саудиското потврдување на тие договори се смета за клучно.

Советникот на Трамп и негов зет Џеред Кушнер рече дека договорот е втор кој Израел го постигна со една арапска земја за месец дена, а претходно имаше мировен договор со само две арапски држави, Египет и Јордан во текот на 72 години независност.

Тој договор поради тоа ќе се смета за нова пречка за Палестинците кои неодамна без успех се обидоа да издејствуваат осуда на Арапската лига поради нормализацијата на односите на Емиратите и Израел пред тие да си ја осигурат својата независност.

Во заедничкото соопштение се најавува дека страните ќе ги продолжат напорите да „постигнат праведно, сеопфатно и трајно решение на израелско – палестинскиот судир и ќе му овозможат на палестинскиот народ да го оствари својот полн потенцијал“.

Се верува дека после Бахреин, Оман и Судан би можеле да го признаат Израел.

Не се очекува Саудиска Арабија, регионалната сила која премолчено ги благословува договорите, брзо и самата да се согласи на тоа.

Како и Емиратите, Бахреин никогаш не војувал во Израел и нема заедничка граница но како и повеќето од арапскиот свет долго одбиваше дипломатски односи зошти немаше мировен договор за основање на палестинските држави на териториите кои Израел ги окупираше во 1967 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот