Телефон/скролање - Фото: pexels-aqtai

Уште една измама со лажна сообраќајка: 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 82-годишна жена од Скопје била измамена за околу 170.000 денари.

Според пријавата, измамникот ја контактирал телефонски, се претставил како полицаец и ѝ рекол дека нејзината внука учествувала во сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор.

Жената излегла на улица и ги предала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека внуката не била вмешана во несреќата и дека станува збор за измама.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот